Сопругата откри: Боатенг е често повреден – од премногу секс

Кевин Принц Боатенг при трансферот во Сасуоло беше најавен како супер-засилување за овој италијанскиот прволигаш, но фудбалерот од Гана многу повеќе време минува со клупските лекари отколку со соиграчите на тренинзите и на натпреварите.

Причините за честите повреди не беа познати до денеска, кога „дијагноза“ за проблемите на Боатенг даде неговата сопруга, Мелиса Сата, која откри дека тој се повредува поради премногу сексуални активности во теекот на неделата.

„Причината што Принц често се повредува е што силата си ја троши на секс, а потоа иде преморен на тренинзи, па доаѓа до истегнување на мускулите. Се сексаме седум до десет пати неделно“  – изјави убавата Мелиса за италијанските медиуми.

Се вчитува...