Спалети: Тоа што сме европски прваци е предност

Фудбалската репрезентација на Италија на престојното Европско првенство во Германија кое започнува на 14 јуни ќе ја брани шампионската титула.

Според селекторот на „аѕурите“, Лучијано Спалети тоа е предност, но како што вели неговите избраниците мораат и од самиот старт да се однесуваат како шампиони доколку сакаат да ја одбранат титулата.

„Според мене, учеството на турнирот како освојувач на трофејот е предност. Но, од почеток мораме да разбереме дека мора да се однесуваме како актуелни шампиони. Често за нас велат дека сме добри во одбраната и се отвораме на контранапади. Но, во Италија пристапот се менува. Сакаме играчите да одат напред, а не да чекаат. Сакаме да притискаме и да се браниме како тим“, вели Спалети.

Се вчитува...