Спалети за проблемите на модерниот фудбал: Марадона играше по кал, а денешниве деца се тушираат само со топла вода…

Лучијано Спалети важи за еден од најдобрите италијански фудбалски тренери во моментов, откако успеа да го одведе Наполи до шампионското скудето, а потоа и со Италија да стигне до билет за ЕВРО 2024.

Искусниот стручњак во едно интервју на Апенинскиот полуостров имаше што да каже за најразлични теми, а Спалети проговори и за недостигот на желба и амбиција кај голем дел од младите играчи, како сериозен проблем со кој се соочува фудбалот на глобално ниво.

„Младите фудбалери се помалку жедни за успех, а тоа е проблем. Речиси се им е обезбедено, тренираат на соврешни терени со вештачка трева, се тушираат само со топла вода. А имаме видео снимки кои покажуваат како Диего Марадона тренирал во кал, на терен што повеќе личеше на мочуриште отколку на било што друго. Порано постоеше патење, замор, вродена култура на самонапредување и подобрување на сопствената личност. Облеката по тренинзите мораше да биде исчистена. Денешните деца се интересираат за најголеми баналности, а не се подготвени да се жртвуваат. Сакаат се и го сакаат тоа веднаш, а ако нешто згрешат прво што ќе кажат е „Не сум јас виновен“, изјави Спалети.

Тој се осврна и на ланската сезона во која со Наполи оствари фантастичен успех стигнувајќи до шампионскиот трофеј.

„Го оставив своето срце во Неапол, љубовта што ја разменив со овој град е нешто незамисливо. За првпат откако станав тренер, доби чувство дека сум дел од една заедница, во Неапол бев среќен, од прва рака ја гледав среќата на наполитанците и на моите играчи. Тоа што бев тренер во овој клуб е најдобрата работа што можеше да ми се случи во животот“, истакнува Спалети.

Се вчитува...