Спинацола: Кјелини е голем човек, ми рече да одам прв по златниот медал

Еден од хероите на Европското првенство е секако Леонардо Спинацола. Дефанзивецот на Рома играше фантастично за Италија, но ги пропушти последните два натпревари на „азурите“ на Европското првенство поради повреда на Ахиловата тетива.

Спинацола беше првиот фудбалер на Италија што беше испратен да биде одликуван со златен медал од претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.

„Џорџо, нашиот капетан е голем човек, тој ми кажа да одам прв по златниот медал зошто тоа го заслужувам. Скокнав како луд, но се плашев да не паднам. Чувството беше прекрасно“, рече Спинацола.

Леонардо зборуваше и за моментот на повредата.

„Помислив … Зошто сега и зошто јас? Потоа плачев што нема да можамда помогнам на мојот тим. Сепак, за една недела, ќе ги извадам конците и почнувам со тренинзи. Ќе излезам на теренот и сакам да видам кој ќе ме стигне “, уверен е фудбалерот на Рома.

Се вчитува...