Спинацола се јави од болница и испрати порака до соиграчите пред полуфиналето на ЕВРО 2020

Леонардо Спинацола одигра одлично на Европското фудбалско првенство, а потоа се случи најголемиот кошмар што може да му се случи на еден фудбалер. На четвртфиналниот натпревар меѓу Италија и Белгија, тој ја повреди aхиловата тетива, го напушти теренот, а подоцна беше откриено дека треба да биде опериран.

Италијанскиот репрезентативец ја изведе операцијата во Финска, која помина успешно и сега му претстои пауза од неколку месеци до целосно враќање на фудбалските терени. Спинацола се јави од болницата и им испрати порака на своите соиграчи пред вечерашниот полуфинален натпревар на ЕВРО против Шпанија.

„Сè помина во ред. Операцијата беше успешна. Им благодарам на сите за поддршката. Одбројувањето започна, одиме напред”, напиша Спинацола.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leonardo Spinazzola (@spina_leo)

 

Се вчитува...