Според Хелсинки од „Каса де Папел“: Нено Димитријевиќ е најдобриот кошаркар во шпанската лига (ВИДЕО)

Според шпанскиот актер со српско потекло Дејан Периќ, далеку попрепознатлив како Хелсинки од популарната серија „Каса де Папел“ е добро познато дека е голем навивач на Хувентуд.

На стартот од новата сезона во шпанската лига, секогаш атрактивниот за разговор Периќ доби задача од „Ендеса“ да го одреди најдобриот кошаркар, според него, во АЦБ лигата. А, тој без размислување го одбра Ненад Димитријевиќ и покрај тоа што го напушти Хувентуд и сега игра за Валенсија.

„Број еден кошаркар за мене е Нено Димитријевиќ. Мој втор фаворит е Миротиќ. Но, да не ме разберете погрешно, не ги одбирам затоа што се Срби. Нено е Македонец“ – низ смеа коментира Периќ.

Се вчитува...