Србија и Албанија заедно ќе организираат Европско првенство во фудбал

Раководството на Фудбалската федерација на Албанија потврди дека поднеле кандидатура за организација на Европското првенство за репрезентации до 21 година во 2027 година заедно со Србија.

Оваа информација која за многумина е неверојатна со оглед на долгогодишниот албанско-српски анимозитет, но фудбалот повторно покажа дека е работа која ги урива бариерите.

„Албанија е еден од главните кандидати за домаќин на финалната фаза на младиското ЕП. Бидејќи не се исполнети условите околу бројот на стадиони потребни за нашата земја да биде домаќин на сите финални натпревари, ќе соработува со Србија како заеднички домаќини“, се вели во објавата.

Се вчитува...