Србија на чекор од СП откако ја понижи Словенија на нејзин терен

Ракометната репрезентација на Србија е чекор поблиску до пласман на Светското првенство кое на почетокот на следната година ќе се игра во Полска и Шведска.

Србите одиграа неверојатен натпревар на гостувањето кај Словенија славејќи со 31-34. Нашиот северен сосед одигра неверојатно прво полувреме во кое на противникот му постигна дури 20 гола и на пауза замина со плус четири (16-20).

Словенците одиграа подобро во второто полувреме, но немаа сила целосно да се вратат во мечот, па Србија на реваншот ќе брани три гола разлика (31-34). Петар Ѓорѓич со осум гола беше убедливо најдобар поединец во таборот на победникот, додека кај поразените ист број на голови постигна Деан Бомбач.

 

Се вчитува...