Србија подобра од Хрватска за освојување на Светската лига во ватерполо

Ватерполистите на Србија ја освоија Светската лига откако во драматично финале славеа против Хрватска со 12-11. На тој начин Србите си обезбедија и пласман на Летните олимписки игри во Токио.

Финалето кое се играше во Белград го одбележаа многу пресврти и возбудувања, но и врнежливо време што не им пречеше на актерите да одиграат извонреден меч.

Србите на крајот се радуваа на победата од 12-11 до која дојдоа со гол од пенал на 17 секунди пред крајот. Хрватска во првиот период имаше водство и од 1-4, но „коцкестите“ не издржаа до крајот во ист ритам.

Се вчитува...