„Србите изгледаа како да играат фудбал на термин, а потоа да одат на пиво“

По вчерашните неверојатни 3-3 против Камерун, репрезентацијата на Србија доживува критики за својата игра, особено што имаа водство од 1-3, и успеаја да го прокоцкаат за само неколку минути.

Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ-Пикси после мечот кажа дека таква игра е недозволива, а критики Србите добија од својот стручен коментатор на РТС Раде Богдановиќ кој кажа дека „Пикси е селектор кој најлошо водел репрезентација на еден Мундијал досега“.

Критики за Србите доаѓаат и од Хрватска. Јошко Јеличиќ, екс фудбалерот и сегашен стручен консултант на „ХРТ“ жестоко ги критикуваше фудбалерите како и селекторот.

„Се случуваа ситуации во кои Србија одеше со пет играчи напред, а после изгубена топка никој не се враќаше назад. Ова ме потсетува на рекреативен термин на фудбал на кој има уште 10 минути до крајот, и сите чекаат да заврши за да може после да одат на пиво“, рече Јеличиќ и додаде:

„Србија има сериозни и квалитетни фудбалери кои не се враќаат назад. Да ја поместеа последната линија 10 метри поназад, ќе дадеа уште 2-3 гола. Им излезе најдобриот стопер Павловиќ, а Митровиќ беше утка. Лоша одлука е што не играше Гудељ. Кога водеа 3-1, Србите изгледаа несериозно. Чудно ми е што Пикси не реагираше и да направеше измени за да го стабилизираше тимот“, рече Јеличиќ.

Се вчитува...