„Српската сапуница Катар“ продолжува: Влаховиќ и праќал пораки на хрватска „секс-бомба“?

Приказната за „српската сапуница“ од Светското првенство во Катар продолжува. Работите надвор од теренот полека излегуваат на површина и повторно во прв план се репрезентативците на Србија.

Лара Томашовиќ познат фитнес модел и инфлуенсер од Хрватска, му гостуваше на јутјуберот Данило Бадњар, попознат како Чода. Во таа прилика ја праша дали хрватски или српски фудбалери флертувале со неа за време на Светското првенство во Катар, по што доби изненадувачки одговор.

„Ми пиша фудбалер од Србија“, рече Лара и му ги покажа пораките на својот водител на програмата во живо на Јутјуб. Тој се зачуди и рече „добро, навистина ти пишува“. На што Лара одговори дека и праќал пораки секој ден. 

Тогаш Данило Бадњар на шега рече „Тоа значи Влаховиќ“, но Лара одговори дека не сака јавно да соопшти за кој фудбалер станува збор.

Се вчитува...