Српски бек од Франција е деветто засилување за Червар во Пелистер

Поранешниот македонски првак Е. Пелистер го продолжува шопингот за создавање на што поконкуретен тим под водство на новиот тренер Лино Червар. Деветто засилување за Червар во битолскиот клуб е средниот бек Алекса Колаковиќ, српскиот ракометар кој доаѓа од редовите на француски Шартр.

Очекувано, огромен дел од засилувањата доаѓаат од просторите на поранешна Југославија, па така Колаковиќ е најновото во низата нови имиња на битолските зелено-бели.

Овој 28-годишен ракометар доаѓа во македонската Супер-лига по четири години минати во Франција (по две во Шартр и во Сан Рафаел.

„По четири сезони во Сант-Рафаел и две во Шартр, Колаковиќ го прифати предизвикот да дојде во најракометниот град и да игра пред најдобрата публика во светот. Средниот бек има шест настапи за српската репрезентација, а настапите во една од најсилните лиги во светот беа добра препорака за трансфер во Битола. Колаковиќ ќе биде претставен во јавноста на стартот од подготовките на 24 јули“, објави Е. Пелистер.

Србинот е деветто засилување за новиот тренер Лино Червар по: Серафимов, Котар, Мехмедовиќ, Џелетовиќ, Татар, Белистојаноски, Басанесе и Џелиловиќ.

Се вчитува...