Српски фудбалер за Адеми: Очи полни солзи, крваво стопало, пукната коска, а тој излегува да гине на терен

Овој викенд Аријан Адеми се прости од дресот на Динамо Загреб, и кариерата ја продолжува во далечна Кина, каде што стана нов играч на Пекинг Гуан. Бројни сегашни и поранешни играчи објавија проштални пораки, а една од најемотивната беше на неговиот поранешен соиграч, српскиот фудбалер Комнен Андриќ.

Српскиот напаѓач беше дел од „модрите“ од 2019 до 2022 година, од каде замина во Клермонт. Тој на „Инстаграм“ објави емотивна порака за неговиот некогашен соиграч, и порача до раководството на Динамо да го повлече дресот со број 5.

„Повлечете го бројот 5 од почит. 21 трофеј!!! Размислувам како да почнам… Легенда на клубот!

Искрен, лут, чесен до срж, непоткуплив, авторативен, борбен до последен атом, брат, другар, советник, се само некои од особините кои беа дел од твојот идентитет. Играв со толку многу фудбалери до сега, многу се неверојатни, многу денеска играат во најдобрите клубови на светот, но никогаш во кариерата не сретнав некој како тебе.

Твоето присуство на теренот не можеше да се мери, доволно е само да си на терен, и екипата се чувствува подобро и посигурно. Ти си срце и душа на оваа екипа. Сите млади фудбалери во Динамо за време на мојот престој растеа, созреваа, и учеа од тебе на најдобар можен начин.

Научија како се работи, како се почитува, и што значи вистински однос кон фудбалот. Секогаш „гладна ѕвер“ на секој тренинг, на секој натрпевар. Пораз за тебе не постои, само школа и лекција. И понатаму се прашувам како е можно секој дуел, секој тренинг, секоја топка, секоја секунда да биде на 110%. Тоа веројатно ќе се прашувам уште долго, тоа само кај тебе го видов.

Моето место во соблекувалната беше веднаш до тебе. Никогаш нема да заборавам на еден натпревар во Лигата на шампионите кога само седна и ја спушти главата на подот и така остана минута. Јас сфаќам дека нешто не е во ред, и ти ги видов очите полни со солзи и тогаш сфатив што се случува. Крваво стопало од убоди на игли, пукната коска, а ти земаш инекции за болки, стискаш заби и излегуваш на терен и гинеш. Тоа си ти!“, стои меѓудругото во објавата на Комнениќ.

Се вчитува...