Станковиќ го напушти Ференцварош и ќе работи во рускиот гигант

Откако ја освои титулата во Унгарија, и играше во нокаут фазата во Лигата на Конференции, Дејан Станковиќ ја извести управата дека заминува и веќе има нов клуб.

Тој соопштил дека ќе се сели во Москва, и ќе го води гигантот Спартак. Претходно тимот на Спартак се раздели со Шпанецот Гилјермо Абаскал.

Спартак во моментот е пттопласиран на табелата со седум бодови помалку од лидерот Зенит. Станковиќ покрај Ференцварош, ги водеше и Црвена Звезда и Сампдорија.

Се вчитува...