Ставрев ќе суди во Истанбул, Мечкаровски контролор во Белгија

Нашиот најдобар фудбалски судија, интернационалецот Александар Ставрев ќе ја затвори годинашнава успешна сезона на меѓународната сцена, на 14 декември во Истанбул на мечот од групната фаза на Конференциската лига меѓу Фенербахче и Спартак од Трнава.

Ќе му помагаат Дејан Костадинов и Гоце Петрески, четврти судија ќе биде Ива Пројковска. Ставрев досега им нема судено на овие две екипи. Во оваа група се уште и Нордсјеланд од Данска и Лудогорец од Бугарија.

На меѓународната сцена ќе биде присутен и претседателот на Судискиот одбор на Фудбалската федерација на Македонија Димитар Мечкаровски кој во Белгија, на 14 декември ќе го контролира судењето на мечот во Конференциската лига меќу Генк и Чукарички. Во ова група се уште и Ференцварош и Фиорентина.

Ќе патува и менаџерот во ФФМ Жарко Игњатовски кој ќе биде организациониот директор на натпреварот од последното коло во трупната фаза во Конференциската лига меѓу Динамо и Балкани од Косово. Мечот се игра на стадионот Максимир на 14 декември. Оваа средба одлучува кој ќе биде втор во групата бидејќи Викторија Плзен е убедливо прва, додека Астана од Казахстан е последна.

М.М

Се вчитува...