Стоичков: Јас и глувците сме виновни за смртта на Диего Марадона

Легендарниот бугарски фудбалер Христо Стоичков зборуваше за Диего Марадона, кој почина на 25. ноември 2020 година.

Стоичков, кој беше исклучително близок со Аргентинецот, истакна дека се смета себеси за еден од одговорните што не можел да го тргне Марадона од лошото друштво.

„Јас сум еден од оние кои најмногу го критикуваа Диего. Го критикував затоа што остана во капсула со некои луѓе кои секојдневно се шетаа во вратоврска, бела кошула и црн костум. Секој ден беа на иста маса бидејќи тој е Диего Марадона. Да не беше тој човек и неговото име, тие глувци никогаш немаше да постојат. За мене тие се убијците на Марадона. Го ставија во таа позиција. Имавме такви расправии со него, такви расправии какви што немате видено. Јас сум еден од виновниците што не инсистирав до крај. Тој не ги слушаше своите вистински пријатели“, изјави Стоичков. 

Се вчитува...