Ракометарите на Бутел и по шест кола сè уште се без победа во Суперлигата. Бутел пред своите гледачи загуби од Прилеп со 27:29 и тренерот на домаќините Стојанче Стоилов ќе почека за прв триумф. Бутел по шест кола има едно реми и пет порази, додека Прилеп ја оствари третата победа, а има и две ремија.
Неговите ракометари добро го започнаа натпреварот, во првите 15-тина минути постојано беа во предност до 9:7. Потоа следуваше серија од 0:5 на гостите со која поведоа со 9:12 и предноста ја задржаа со полувремето (13:16).
Второто полувреме повторно подобро го започнаа избраниците на Стоилов, направија серија 7:1 и поведоа со 20:17. Предноста ја имаа до 54 минута кога Димитриоски од линијата за седум метри израмни на 26:26, а Бутел мораше да игра со двајца ракометари помалку.
Тоа го искористија гостите да постигнат два гола и да поведат со 26:28. Бутел преку Стоилевски од седмерец намали на 27:28 и по промашувањето на Димитриоски, домаќините во последната минута имаа напад за реми. Но, на Стоилески му испадна топката по што во следниот напад прилепчани со голот на Крстевски ја потврдија победата.
Димитриоски со осум гола го предводеше Прилеп, додека кај Бутел, Марковски даде седум гола.
Младост и вториот тим на Е. Пелистер одиграа 30:30 и тоа откако домаќините во последните моменти од мечот не го реализираа нападот за победа.
Тиквеш во драматичен натпревар со 27:26 го совлада Мулти Есенс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
