Германскиот пливач Александар Стуџински е победник на 31. издание на Охридскиот пливачки маратон што попладнево се одржа во нашето најголемо езеро. Стуџински исплива одлично, оставајќи ги зад себе ривалите и заслужено освојувајќи ја првата позиција со време од 5:15:145 часа.
Веднаш зад него се најде нашиот пливач Евгениј Поп Ацев, кој во одлична завршница остави зад себе неколку ривали и го освои второто место, пред Гилјермо Бертола од Аргентина.
Што се однесува до женска конкуренција, таму првата позиција ја освои Барбара Позобон од Италија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА