Супер-асистенција на Трајковски, Ал Фејха се спаси од пораз (видео)

Александар Трајковски продолжи со одличните игри во дресот на Ал Фејха во Саудиска Арабија, откако токму македонскиот репрезентативец беше меѓу најзаслужните што неговиот тим изгегна пораз на дуелот со Ал Адахл.

Гостите имаа водство се до 96. минута, кога Ал Фејха тргна на се или ништо, а Трајковски со маестрална асистенција со пета го проигра Нвакаеме, кој го постигна победничкиот погодок.

Македонскиот репрезентативец има два гола и две асистенции во последните пет кола, денеска влезе во игра во второто полувреме, но дефинитивно се наметнува за далеку посериозна минутажа во тимот на Ал Фејха.

Се вчитува...