Светскиот шампион во кикбокс на прием во Агенцијата за млади и спорт (ФОТО)

Носителот на златниот медал од Светското првенство во кикбокс кое се одржа во Албуфеира, Португалија, Бобан Илиоски денеска на прием во Агенцијата за млади и спорт.

Илиоски по минатогодишното европско злато со нов извонреден успех на интернационалната сцена кој го издвојува како еден од најдобрите македонски спортисти.

„Не направи горди и беше вистински пример за македонскиот борбен карактер, упорност, спортски инает“ – истакна директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, на средбата со Илиоски.

Претседателот на Кикбокс Маитаи федерацијата Дејан Митровски потенцираше дека поддршката која АМС ја обезбедува, ги обврзува федерациите и спортистите на поинтензивна работа, им овозможува учество на сите меѓународни случувања, а тогаш успехот е неминовен.

„Следен чекор на федерацијата е кандидатура за домаќини на едно големо натпреварување“ – дополни Митровски.

На приемот своите импресии ги изнесе златниот од Португалија, најдобриот македонски претставник во Кикбокс, Бобан Илиоски.

Тој истакна дека верувал во успех од самиот почеток и дека одкажувањата од сите задоволства, во комбинација со упорна работа е пресудно за остварување на врвни спортски резултати. Неговите идни планови се поврзани со учество на тренинг камп во Холандија, за кој вели дека е еден од најтешките спаринг тренинг кампови, но тоа е единствен пат до успехот.

Се вчитува...