„Светците“ конечно се разбудија – ПСЖ достави шест „парчиња“ во голот на Анже (ВИДЕО)

Ѕвездите на Пари Сен Жермен конечно го покажаа својот потенцијал во новата сезона во француската Лига 1. Тие во мечот од шестото коло го демолираа Анже со убедливи 6-1. Се почна во 7. минута во која Флоренци го постигна својот прв гол во новиот клуб. До крајот на полувремето следуваше уште голот на Нејмар во 36. минута. Во вториот дел Нејмар во 48. зголеми на 3-0. Само четири минути подоцна гостите намалија на 3-1 преку Траоре.

Жулијан Дрекслер во 57. минута повторно донесе предност од три гола за домаќините, а до крајот во листата на стрелците се запишаа и Гуеје во 71. и Килијан Мбапе во 84. минута. По лошиот старт на сезоната, со овој триумф „светците“ се качија на втората позиција на првенствената табела со 12 бода, односно само еден помалку од првопласираниот Рен. Анже останува осми со 9 ода.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...