Талиска донесе победа за Ал Наср против Ал Шабаб (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ал Наср стигнаа до нова победа во шампионатот на Саудиска Арабија откако вечерва во 21. рунда во неверојатно интересен натпревар славеа на гостувањето кај Ал Шабаб со 2-3.

Гостите поведоа со 0-1 со погодокот на Кристијано Роналдо од пенал во 20. минута. Домаќините на ист начин израмнија на 1-1 преку Караско во судиското надополнување во првото полувреме.

Ново водство за гостите (1-2) донесе Талиска во 47. минута. На 2-2 израмни Карлос Жуниор во 67. минута, додека конечните 2-3 ги постави Талиска кој со својот втор погодок се претвори во херој за Ал Наср.

 

Al Shabab 2-[3] Al Nassr – Talisca 86’
byu/saiyan010zero insoccer

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...