Европскиот првак Португалија уште во осминафиналето ја заврши одбраната на титулата, губејќи од Белгија со 1-0 за огромно разочарување кај Кристијано Роналдо и неговите репрезентативни колеги.
Белгија стигна до триумф багодарение на погодокот на Азар, а Португалците најголемите шанса ја имаа во 82. минута, кога Гереиро го погоди дирекот од голот на Куртоа,
„Тажни сме и разочарани, некои фудбалери плачеа во соблекувалната. Дадовме се од себе, шутнавме вкупно 29 пати кон противничкиот гол, тие само шест. Не знам што би рекол, ниту една репрезентација не може да каже декаа е подобра од нас, но ете се случи денеска да го завршиме настапот. Бевме сигурни дека можеме да стигнеме до финалето, но сега веќе тоа воопшто не е важно“, изјави селекторот Фернандо Сантош.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА