Тешка несреќа на Крис Фрум, нема да учествува на Тур Д’ Франс

Четирикратниот освојувач на Тур Д’ Франс, Крис Фрум нема да учествува на годинашното издание на најпознатата велосипедска трка бидејќи по тешката несреќа на тренинг заврши во болница, на интензивна нега, со повеќекратни скршеници. Тој експресно бил пренесен во болница, а таму веднаш го оперирале за да му ги санираат скршениците на ногата, реброто и на лактот.

Колегите од неговиот тим кои возеле со него објаснуваат дека Фрум загубил контрола возејќи со голема брзина, при силен ветер и удрил во ѕид.

На Тур Д’ Франс, која почнува на 6.јули во Брисел, Фрум требаше да ја брка рекордната петта титула. Неговото отсуство е голем удар и за тимот Инеос кој неодамна го презеде Скај. Главен адут сега ќе им биде ланскиот победник Герајн Томасон.

Се вчитува...