ТФТ славеше против Феникс и го олесни патот до место во плејофот

ТФТ си го олесни патот до место во разигрувањето за титула откако во 9. коло од Суперлигата славеше на гостувањето кај Феникс 2010 со 58-76. Гостите кои имаа двоцифрена предност на полувремето одолеаја на налетот на домаќинот во второто полувреме кога ‘виолетово-жолтите’ стигнаа и до изедначување, а со добра игра во финишот ја запишаа 17. победа со која се изедначија со Гостивар и Еуро Никел на табелата.

Двата тима се мачеа во реализацијата на отварањето на натпреварот па и покрај тоа што стигнаа до отворени обиди истите не резултираа со поени, а во неефикасната прва четвртина минимална предност од 15-17 имаше ТФТ. Во продолжението од првото полувреме гостите успеаја да стигнат до лесни поени во транзиција и од втора шанса па поведоа со 17-28, а и покрај тоа што Феникс на момент успеа да најде решение во нападот, не успеа да го најде напаѓачот ритам за 32-46 по 20. минути игра.

Одбраната на Феникс ја заврши својата задача на отварањето на второто полувреме, а домаќините стигнаа и до лесни поени во транзиција, најдоа и решение преку Митревски па во речиси пет минутниот пост на гостите ја сведоа негативата на 41-46. ТФТ ја крена агресивноста во одбраната со што направи проблеми во организацијата на играта на Феникс и го одличниот ритам, но не успеа да го наметне своето темпо во нападот. Домаќините умешно го заштитија рекетот и не дозволија лесни поени за 51-54 пред одлучувачката четвртина. Во неа комбинираната одбрана на домашниот тим продолжи да биде фактор на мечот, а преку Кацарски новајлијата стигна до изедначување (56-56), кое сепак не успеа да го задржи. На спротивната страна следеше одговор од Хортон кој на момент беше енигма за одбраната па со серијата на Американецот, ТФТ ја врати предноста на 58-66, а го задржа ритамот до самиот крај за злато значајна победа.

Марин Петков со 15 поени и Андреј Митревски со 14 поени и 4 асистенции беа лидери на Феникс 2010, додека Страхил Николов со 17 поени и 5 скока го предводеше ТФТ. Него го следеше Хортон со 14 поени и 4 скока.

Се вчитува...