Тимот на селото со 400 жители ќе игра во Третата лига: ФК Црно Буки ЗЛ со историски пласман

Успешна фудбалска приказна ни доаѓа од Црно Буки, село со 400 жители, на само десет километри оддалечено од Битола. Минатата година ФК Црно Буки ЗЛ е шампион во општинска Б лига при ОФС Битола,а оваа година како вицешампиони обезбедуваат историски успех и настап во Третата лига, по откажувањето на ФК Поешево.

 

Пред три години клубот не се натпреваруваше и практично не постоеше, но е преземен од неколкумина млади луѓе желни за успех коие беа цврсто решени да го оживеат и да го кренат на едно повисоко ниво. Со напорна работа и невиден ентузијазам, успехот е евидентен.

Од раководството на ФК Црно Буки ЗЛ најавуваат дека клубот ќе биде еден од подобро организираните клубови во Третата лига и напоменуваат дека амбициите тука не застануваат.

 

Се вчитува...