Голманот на ракометната репрезентација на Македонија, Мартин Томовски, продолжува со фантастичните настапи во Бундеслигата.
Во втората победа на неговиот Битигхајм во Бундеслигата од 29:25 на гостувањето кај Гепингем, значаен придонес имаше Томовски. Тој натпреварот го заврши со 13 одбранети удари и 34.2 отсто успешност.
По осум кола во Бундеслигата, Битигхајм има четири бода и се наоѓа на 15-та позиција на табелата, а во следното коло му гостува на Лемго.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
