Тошиќ негира дека ја претепал Карлеуша, полицијата бара мерка „забрана за приоѓање“

Српскиот фудбалер Душко Тошиќ денеска попладнево бил пријавен од неговата сопруга Јелена Карлеуша за семејно насилство, по што веднаш интервенирала и српската полиција.

По пристигнувањето во нивниот заеднички дом, Карлеуша тврдела пред полицијата дека била тепана, но Тошиќ сето тоа го негирал, пренесува „Блиц“.

Според полицискиот извештај Карлеуша немала видливи повреди, но полицијата пред обвинител ќе наложи донесување одлука за забрана за меѓусебно приближување. Потоа дополнително обвинителството ќе одлучува дали ќе покрене обвинение против Тошиќ.

Проблемите меѓу Карлеуша и Тошиќ почнаа на почетокот од минатата година по аферата на Јелена со репрзентативецот на БиХ, Огњен Врањеш.

Се вчитува...