Трагедија во Албанија: Фудбалер колабираше на терен и почина

Трагични вести доаѓаат од Албанија за смртта на фудбалерот Рафаел Дуамена. Фудбалерот од нападот во 23. минута од средбата Егнатија – Партизани Тирана колабираше на терен, по што лекарите не успеаја да го спасат неговиот живот. Имаше 28 години.

Дуамена во минатото играше за Леванте заедно со Енис Барди, и беа соиграчи од 2018 до 2020 година. Претходно играше за Австрија Луштенау, и за Ред Бул Салцбург. После ЛЕванте беше дел од Велје, отоа во Австрија, а од 2023 година е во Егнатија, за кој од 27 меча даде 20 гола.

Дуамена играше и за репрезентацијата на Гана, за која од девет натпревари постигна два гола.

Се вчитува...