Трагедија во Франција: Се урна рефлектор, еден починат на стадионот на Лориен

Неверојатна трагедија се случи по завршувањето на натпреварот од француското првенство меѓу Лориен и Рен, откако се урна еден од рефлекторите на стадионот, паѓајќи директно врз домарот на Лориен, кој го загубил животот.

На лице место веднаш притрчале лекарските тимови на двата клуба, 38-годишниот човек останал заглавен под претешката конструкција. Кога конечно бил ослободен веќе било предоцна, не помогнале обидите за реанимација на теренот и подоцна во болницата, каде е констатирана смрт.

„Сите фудбалери беа во потполна паника. Сите присутни на стадионот веќе беа заминати, но играчите почнаа да излегуваат од соблекувалните. Сите се во шок, згора на тоа трагедијата се случи пред очите на гостинскиот фудбалер Далбер, кој не може да се совземе“, информираат француските медиуми.

Се вчитува...