Трајковски со три гола на два меча, па делеше срциња во камера… (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ФОТО: Роберт Спасовски

Александар Трајковски се издвои некако на двата натпревари на стартот од квалификациите за Светското првенство 2022 во Катар.

И покрај тоа што нема некоја забележлива минутажа во шпанска Мајорка, Трајковски во репрезентативниот дрес ги демонстрираше сите свои квалитети. Најпрво само што влезе во игра во Букурешт веднаш се запиша во листата на стрелците со убав погодок, а на денешниот натпревар против Лихтенштајн запиша уште два нови погодоци.

Па, по својата партија делеше и срциња пред ТВ-камерите, не криејќи го задоволството од двата гола во триумфот од 5-0 против Лихтенштајн.

 

Се вчитува...