Трансферот на македонскиот репрезентативец Горан Пандев од Лацио во Интер е еден од најдобрите трансфери на слободни агенти во историјата на фудбалот.
Според изборот на „GiveMeSport“, ангажманот на Пандев, кој во 2009 година на директно инсистирање на Жозе Мурињо се пресели од Рим во Милано, е најдобрата одлука на Интер во последните 20 години.
Како што е познато, веднаш по пристигнувањето на Пандев во клубот, Интер во 2010 година ја освои тројната круна.
Трансферот на Пандев е 15-ти најдобар во историјата, на листата на која како најдобар трансфер на слободен агент е издвоен оној на Роберт Левандовски од Борусија Дортмунд во Баерн Минхен, а по него е трансферот на Андреа Пирло од Милан во Јувентус. Меѓу најдобрите се и Сол Кембел (Тотенхем – Арсенал), Михаел Балак (Баерн – Челзи), Пол Погба (Манчестер Јунајтед – Јувентус), Раул (Реал Мадрид – Шалке), итн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА