Трансферот на Роналдо во Ал Наср покрај милионите му донесе и уникатен часовник (ФОТО)

Кристијано Роналдо кариера ја продолжи во Саудиска Арабија каде ќе настапува за Ал Наср како најплатениот фудбалер во историјата. Португалецот ќе заработи 200 милиони, а покрај големиот договор кој дополнително ќе го зголеми неговото богатство тој доби и повеќе скапоцени подароци.

Еден од нив е уникатен часовник произведен од луксузната фирма „Jacob & Co“ во зелена боја во чест на Саудиска Арабија. Тој е изработен посебно за Роналдо од бело злато, низа скапоцени и полускапоцени камења, а нараквицата е од алигаторска кожа. Часовникот не се наоѓа на слободна продажба, а проценката е дека вреди околку 800 ијади евра.

Се вчитува...