Тренер доби отказ откако го фатија со лажен сертификат за вакцина

Тренерот на Вердер, Маркус Анфанг реши да го напушти кормилото на тимот откако беше утврдено дека тој користел лажен сертификат за вакцинација против Ковид-19. Целиот скандал беше обелоденет пред некој ден, па поради големиот притисок Анфанг денеска одлучи да ја напушти позицијата главен тренер во клубот од Бремен.

„Поради целиот стрес кој што го предизвикав на клубот, на тимот, на мојата фамилија и на самиот себе, одлучив да се повлечам од местото тренер на Вердер Бремен“, изјави Анфанг. 

Вердер во моментов се наоѓа на осмата позиција на табелата во 2. германска лига, а веќе вечерва ги очекува меч против Шалке 04.

 

 

 

 

Се вчитува...