Тренерот ја плати сметката за слабите резултати на Ал Итихад

Нуно Еспирито Санто не е повеќе тренер на Ал Итихад. Клубот од Саудиска Арабија му врачи отказ на Португалецот поради слабите резултати. Конректна причина за разделба со тренерот беше поразот од 0-2 во Лигата на шампионите против Ал-Кува од Ирак.

Во домашното првенство Ал-Итихад не игра на посакуваното ниво, и е без победа во последните пет натпревари. Клубот се наоѓа на 6. позиција на табелата.

Санто минатата сезона го водеше тимот до титулата во Саудиска Арабија. Во текот на летото донесе неколку звучни фудбалски имиња како Карим Бензема, Нголо Канте и Фабињо, но тимот игра со многу осцилации.

Во медиумите во земјата се шпекулира дека Санто имал недоразбирања со првата ѕвезда на тимот Бензема, и тоа било една од причините за негова смена.

Се вчитува...