Тренерот на Штутгарт верувал во чудо: Борусија нема да нѐ сфати сериозно, за нас мечот не е готов

Штутгарт со играч помалку и негатива од 0-2 на полувремето, успеа на крајот да извлече бод во најлудиот меч изминатиот викенд на терените ширум Европа. „Швабите“ имаа негатива од Борусија Дортмунд од два гола, а потоа добија и црвен картон, со што се чинеше дека победникот ќе биде решен.

Меѓутоа тренерот на Штутгарт, Себастијан Хенес на полувремето верувал дека неговиот тим може да извлече нешто од овој натпревар. Наводно на фудбалерите им рекол да не се предаваат и да играат до крај.

„Сега Борусија Дортмунд ќе се опушти, ќе не потцени. Тоа е нашата шанса. Нема откажување“, им соопштил наводно на играчите на полувремето.

На 0-2, Борусија два пати ја погоди пречката, а потоа лудило. Штутгарт и со играч помалку стигна до 2-2, а потоа Борусија дојде и до 2-3. На крајот домашниот тим успеа да израмни. Сепак, ова „реми“ оди на душа на тренерот на Борусија, Един Терзиќ кој се одлучи во вториот дел да ги штеди силите. Така во игра уфрли дебитант во името на Сомаила Кулибали на местото на искусниот Хумелс, а токму неговите две грешки придонесоа за овој резултат кој на крајот може да ги чини Борусија и титула во Бундеслигата.

Се вчитува...