Три од три за Кобајаши на „Новогодишната турнеја четири скокалници“

Јапонецот Рију Кобајаши стигна и до третата победа на „Новогодишната турнеја четири скокалници“ откако славеше на скокалницата во Бишесхофен. Тој до триумфот стигна со скокови од 137 и 137.5 метри што беше доволно за освојување на 291.3 поени.

Второто место му припадна на Норвежанецот, Мариус Линдвик кој иако беше прв по првата рунда, мораше на крајот да се задоволи со второто место. Пиедесталот го надополни вториот Норвежанец, Халвор Егнер Гранеруд.

Во пласманот на турнејата Кобајаши има убедлива предност пред норвешкиот двоец Линдвик и Гранеруд.

И последните скокови ќе бидат во Бишесхофен поради тоа што скоковите кои што требаше вчера да се одржат во Инсбрук поради лошото време беа префрлени за денеска.

Се вчитува...