„Црвено-жолтите“ стигнаа во Тбилиси: Многу проблеми, но целта останува иста – Победа над Грузија (ФОТО)

Фудбалската репрезентација на Македонија стигна во Тбилиси каде во петок ќе и гостува на селекцијата на Грузија во натпревар од 4. коло во најмладото европско репрезентативно натпреварување Лигата на нации.

Селекторот на „црвено-жолтите“, Благоја Милевски се соочува со големи проблеми пред мечот против Грузијците. Откако веќе претходно беше потврдено дека тој во овој циклус нема да може да смета на капитенот Ристовски, како и на Етеми и Чурлинов, од денеска и дефинитивно е потврдено дека на своите соиграчи нема да може да им помогне и Аријан Адеми.

Репрезентативците утре ќе го имаат официјалниот тренинг, пред мечот кој е закажан за петок со почеток во 18 часот.

Се вчитува...