Тухел: Имаше и позитивни работи од елиминацијата од Купот

И покрај елиминацијата од Фрајбург во Купот, тренерот на Баерн Минхен Томас Тухел зборуваше позитивно за својот тим. Најтрофејниот германски тим беше шокантно елиминиран од Купот откако на домашен терен беше поразен од Фрајбург со 1-2.

Сепак, тој кажа дека тимот ќе остане позитивен и ќе се обиде да ги извлече само добрите моменти од натпреварот.

„По таков пораз се појавува гнев, разочарување. Поразите болат уште повеќе во вакви натпревари, но мора да останеме позитивни. Мораме да покажеме реакција на тој пораз. Имаше и позитивни моменти. Испаднавме, мора да го прифатиме тоа, но покажавме и добри работи. Примивме два гола, едниот од далечина и едниот од пенал, а Фрајбург се бранеше многу компактно“, рече Тухел.

Се вчитува...