Турски ски-скокач успеа да ги помине квалицикациите во Оберздорф (ВИДЕО)

Турскиот ски-скокач Фатих Арда Ипецоглу испиша историја за својата земја откако стана првиот кој од земјата на Босфорот успеал да помине квалификации во едно натпреварување во сезоната во светскиот куп.

Тој во квалификациите на првата скокалница од Новогодишната турнеја во Оберздорф успеа да скокне 119 метри што беше доволно за 32. место по квалификациите.

Квалификациите ги доби Јапонецот Кобајаши, пред Гајгер од Германија и Норвежанецот Форфанг.

Се вчитува...