„Убав, нереален, луд“ – Како изгледа боречкиот остров на УФЦ (ФОТО)

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, изнајми приватен остров како би можело да се одржуваат борби и во ек на пандемијата од коронавирусот. Додека се обидуваше да организиран настани во САД зад затворени врати во САД, Вајт најави план за организација на борби на остров за меѓународни борци кои се ограничени да патуваат во САД.

УФЦ одржа настани во Џексонвил и Лас Вегас, пред Вајт на 9. јуни да потврди дека ќе има борби и на Јас островот на Абу Даби. На површина од 9,6 квадратни милји Јас островот е домаќин на трките во Формула 1 од 2009 година. Тука свои концерти имаат одржано и Бијонсе, Мадона и Ролинг Стоунс. Вајт направи октагон на плажа, но најави дека борбите нема да се одвиваат таму. Околу 630 членови на персоналот на УФЦ и спортисти беа тестирани пред да заминат за Абу Даби, а се набавени и дополнителни 3.500 теста. УФЦ 251 ќе се одржи на 11. јули.

 

View this post on Instagram

 

Welcome to #UFCFightIsland! 🏝 #InAbuDhabi @VisitAbuDhabi #UFC251

A post shared by ufc (@ufc) on

Се вчитува...