Убавата Софија е магнет за спортисти (ФОТО)

Фудбалерот на Реал Мадрид Лука Јовиќ е последниот во низата спортисти кои се во врска со српската убавица Софија Милошевиќ. Тие пред некоја седмица објавија дека ќе добијат дете, што за манекенката ќе биде прво, додека Јовиќ по вторпат ќе стане татко, откако веќе има едногодишен син. И додека Софија ужива во врската со асот на Реал Мадрид, да се потсетиме на сите спортисти со кои убавата манекенка беше во врска.

Вниманието на себе Милошевиќ го привлече со романсата со тенисерот Виктор Троицки. Тие мораа да прекинат поради тоа што Софија не беше подготвена за врска на далечина, нешто што му стои во описот на секој тенисер.

Таа потоа беше во врска и со поранешниот фудбалер на Црвена Звезда, а сега „ас“ на Олимпик Марсеј Немања Радоњиќ, кој своевремено за нивен одмор потроши 6.000 евра.

Манекенката последната озбилна врска пред Јовиќ, ја имаше со уште еден српски репрезентативец Адем Лјаиќ. Тие раскинаа по три години, а се шпекулира дека своевремено била во врска и со поранешниот ватерполист, а сега министер за спорт на Србија, Вања Удовичиќ.

Се вчитува...