Матеу Лахоз важи за еден од најдобрите шпански судии во последните години, но овој арбитар не импресионираше во групната фаза од ЕВРО 2020, па воопшто нема да биде дел од нокаут-натпреварувањето од европскиот шампионат.
Шпанецот беше единствениот судија што ја делеше правдата на три средби од групната фаза, најпрвин на мечот Белгија – Русија, потоа и на Англија – Шкотска, а Лахоз беше задолжен и за натпреварот Португалија – Франција, на кој досуди дури три пенали. Тој беше критикуван за арбитражата на овој дерби дуел, особено за сомнителниот пенал за Франција по минималниот контакт по кој Мбапе се испружи на тревата, а Лахоз покажа на белата точка.
УЕФА веќе ја скрати листата на арбитри за нокаут-фазата од натпреварувањето, а на неа дефинитивно го нема Лахоз, кој веќе се спакувал и се упатил кон својот дом во Шпанија. Вториот шпански судија, Карлос дел Черо, засега е во комбинација за еден од четвртфиналните натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА