УФЦ ѕвезда брутално нокаутираше повозрасен човек во ресторан (ВИДЕО)

Голем скандал го тресе УФЦ светот, откако борецот во велтер категорија Мајк Пери во еден ресторан брутално нокаутираше постар човек. 28-годишникот е снимен како го напаѓа постариот човек, а во целиот инцидент повредени се три лица меѓу кои и девојката на УФЦ борецот.

Пери наводно бил навредуван на расна основа од постариот господин и затоа го нападнал физички. Пери пред две седмици имаше борба во која по судиска одлука го победи Мајк Гала, а досега во кариерата има скор од 14 победи и 6 порази.

 

Се вчитува...