Ужас во Франција: 16-годишна олимпијка загина по пад од 150 метри

Една од најталентираните француски спортистки во спортско качување Луси Доуди го загуби животот за време на планински тренинг на југоистокот од Франција.

16-годишната Доуди, која е светска јуниорска шампионка во олимписката дисциплина – боулдер, загинала по пад од карпа во близина на својот дом, соопшти Француската федерација за планинско качување. Младата французинка, која требаше да настапи и на Летните олимписки игри, била со свои пријатели кога се лизнала и паднала од 150 метри. Точните околности на несреќата се уште не се познати.

„Луси беше најперспективната наша спортистка. Со само 16 години иднината беше пред неа. Ова е огромна трагедија и голем шок за нас“ – соопштија од Француската федерација.

Се вчитува...