Валентино Роси се исмејува со Икарди и Ванда Нара (ФОТО)

Легендарниот мотоциклист Валентино Роси заедно со својата девојка Франческа Новело се одлучија да се пошегуваат со фудбалерот на Интер, Мауро Икарди и неговата сопруга Ванда Нара кои изминатиов период се во фокусот на италијанската фудбалска јавност.

Не е тајна дека Роси е голем навивач на Интер, па заедно со Франческа се одлучија за најголемиот карневал во Италија, во Милано, да се маскираат како Икарди и Ванда Нара.

Како што е познато, Интер му ја одзеде капитенската лента на Икарди поради неговото континуирано одбивање да настапи за тимот, а Аргентинецот е се повеќе омразен и меѓу навивачите на „нераѕурите“.

Се вчитува...