Валон Етеми: Пресреќен сум со дебито во репрезентацијата, ова е круна на одличната сезона за мене

Крилниот офанзивец на турскиот Истанбулспор, Валон Етеми дебитираше во националниот дрес во убедливата победа од 4-0 против Гибралтар.

Етеми на крајот имаше и можност веднаш да го постигне и првиот погодок за репрезентацијата, но дирекот од голот на Гибралтар ја спречи неговата радост.

„Победивме убедливо и тоа е најважно. Но, може да кажам дека сум задоволен од своето деби за националниот тим. Ова навистина е круна на одличната сезоната за мене во која со Истанбулспор се изборивме за Суперлигата на Турција. Ќе направиме се да ја радуваме публиката и во иднина, среќен сум за настапот за Македонија. Можеби ќе беше убаво на крајот и со гол да се радувам, но секако оваа убедлива победа е најважна за враќање на самодовербата“ – изјави по мечот Етеми.

Се вчитува...