Ванда се „отвори“: Еве како по Макси завршив со Икарди

Поранешната аргентинска старлета Ванда Нара се најде во центарот на фудбалската јавност откако го откачи својот поранешен сопруг, Макси Лопез, за потоа да заврши со неговиот најдобар пријател од Сампдорија, Мауро Икарди. Токму поради оваа причина Икарди не е дел од аргентинската репрезентација (Лопез важи за добар пријател на Лионел Меси), но Ванда во интервју за аргентинските медиуми конечно се „отвори“ на оваа тема, откивајќи дека воопшто не станувало збор за неверство бидејќи таа врската со Икарди ја почнала дури откако го завршила бракот со Лопез.

„Мауро го запознав преку Макси Лопез кога тој имаше 18 години. Не почнавме врска додека бев во брак, јас по разводот со Макси се вратив во Аргентина, каде планирам да живеам со децата и веќе ги запишав во училиште. Се вратив во Милано за да завршам некои работи и Икарди се понуди да ме преќека, ми ги остави клучевите од својата куќа за да имам каде да преспијам тие неколку дена. Ми рече да останам на вечера, но неговиот фрижидер беше празен, типично за младо момче што цело време јаде надвор. Подготвив паста, вечерва, а потоа се што следеше се случи спонтано. Ме воодушеви начинот на кој ги прифати моите три деца што ги имав од бракот со Макси, тоа беше неверојатно и ме натера да гледам на него како на можен иден животен сопатник. Потоа се земавме и тоа ми е најправилната одлука во животот“ – изјави Ванда Нара.

Се вчитува...