„Вардарецот“ Златко двојно слави: Никола Глигоров му донесе голема добивка!

Двојна радост вечерва имаше големиот вардаров навивач Златко Богески. Секако немерлива е радоста за пласманот на Вардар во групната фаза од Лигата на Европа, но огромна е радоста и за обложувачката добивка со која само ја потврди љубовта кон црвено-црните бои.

Златко до нашата редакција го испрати добитниот тикет одигран во спортската обложувалница „Спорт лајф“, на кој меѓу четирите натпревари е и оној на Фенербахче со неговиот Вардар. А, бидејќи си знае Златко како треба, иако признава дека играл секако и малку навивачки, одиграл на полувреме на дуелот да биде нерешено, а на крајот да победи македонскиот шампион за вкупен коефициент 33! Во прилог му одат и погодените победи на Атлетик Билбао, Марсеј и Салцбург.

добивка

„Пресреќен сум најпрво што Вардар ќе игра во Лигата на Европа, но секако сакам да му се заблагодарам и на Никола Глигоров што ми овозможи двојна радост. Кој си знае, си знае. Напред Вардаре!“ – ни прокоментира Златко, дополнувајќи и на следните европски натпревари секогаш ќе игра на Вардар!

Се вчитува...