Вацке: Јунајтед имаше подобра понуда за Халанд, но Рајола одлучи тој да оди во Борусија

Претседателот на одборот на директори на Борусија Дортмунд, Ханс Јоаким Вацке зборуваше за трансферо на Ерлинг Халанд во таборот на „милионерите“.

Норвежанецот мина во Дортмунд од Салцбург во декември 2019 година.

„Условите кои му ги понудивме на Халанд беа полоши од оние кои му ги понуди Манчестер Јунајтед. Но, Мино Рајола одлучи  дека ќе му биде подобро кај нас. Ние им даваме шанси на младите играчи“, рече Вацке.

Халанд сега важи за еден од најдобрите напаѓачи во моментов, и на лето веројатно ќе направи голем трансфер во некој голем клуб. Се споменува дека Реал Мадрид би можела да биде неговата следна дестинација, иако има интерес и од Сити, Јунајтед, Барселона, Челзи…

Се вчитува...